(ВИДЕО) Кавадарчани денеска бесплатно можеа да си го проверат слухот
12-04-2017 РЕГИОН

Во просториите на општинската организација на Црвен Крст Кавадарци денеска беше реализирана акција за бесплатно мерење на слухот.

 

Статистичкие податоци кои зборуваат дека во последните две години драстично се зголемува бројот на глуви и наглуви лица, но се намалува и годишната граница кај луѓето кои имаат проблеми со слухот, иницираше на ваква акција, но загрижува и фактот што се повеќе деца или новороденчиња имаат проблеми со слухот, па токму затоа ќе се цели и на навремени контроли и превенција.

 

Во глобала денеска акцијата покажа дека кавадарчани водат грижа за своето здравје, а слухот е на процент кој задоволува. Иако акцијата беше отворена за целата популација, нај голем интерес денес покажаа старите лица.

 

Милица Младенова   

 



Share

Додади коментар