(ВИДЕО) Кандидатите за градоначалници потпиша кодекс за фер и демократски избори
25-09-2017 РЕГИОН

 

Свечено се обврзуваме и си ветуваме еден на друг, но и на сите граѓани на република Македонија дека ќе се придржуваме и активно ќе го промовираме овој кодекс – ова е дел од содржината на кодексот за фер и демократски избори што кандидатите за градоначалници го потпишаа вчера.

 

 

 

Тие се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите прабила и прописи и нема да вршат никаков притисок врз граѓаните, вработените во јавната и државната администрација, во други инстиутуции или установи финансирани со пари од граѓаните.

 

Во Кавадарци кодексот го потпишаа, Бетиане Китев, кандидат на СДСМ, Митко Јанчев на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Давидов-независен и Верица Арсова од ТМРО.

 

На фер и демократски избори се обврзаа и кандидатите за градоначалници на Неготино. Таму кодексот го потпишаа Златко Пенков од ВМРо-ДПМНЕ, Тони Делков – СДСМ и Ѓорѓи Ајтов независен кандидат.

 

Во Росоман обврска за фер и демократски избори превземаа кандидатите за градоначалник, Бранко Јанев од СДСМ и Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ.

 

А.Д



Share

Додади коментар