(ВИДЕО) Светскиот ден на здравјето 7 ми април одбележан во Кавадарци
07-04-2017 РЕГИОН

Под мотото „Депресија-ајде да разговараме“ се одбележува годинава 7-ми април, светскиот ден на здравјето— ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот кој се одбележува под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО).
Во кавадаречката болница се одржа свеченост на која беше прочитан реферат за депресијата, симптомите и начините на лекување.


Директорот на болницата, д-р Орцо Ангеловски нагласи дека депресијата доколку не се лекува може да доведе до самоубиство или до сериозни проблеми во функционирањето на болниот. Порача, болните од депресија да бараат помош од најблиските.



На денешната свеченост во болницата беа доделени и јубилејни награди за пензионирање на четворица вработени. Благодарница за донирањето на гастроскоп беше доделена на Дрекслмаер.  А.Д

 

Директорот на Здравствен дом Кавадарци, д-р Никола Трендафилов им го честита денешниот ден на сите здравствени работници, а воедно во изјава за КТВ проговори и за работењето на итната медицинска помош.

 



Share

Додади коментар