Минатата година родот не задоволи до толку колку што добро помина пласманот. Цената беше според очекувањата, а Русија и понатаму останува најголемиот пазар односно број 1 за компанијата Душан Ќириќ, рече денеска нејзиниот сопственик Ќире Шошев.Тој со дел од вработените и годинава остана верен на традицијата па чинот на свечено закројување на своите лозови плантажи го направи повторно во соработка со Локална Самоуправа Росоман.
Се закрои виновата лоза и нормално си посакаа лозарите плодна и бериќетна година. Таква година очекува и Шошев потенцирајќи дека пазарот се шири, а ќе има и новитети.Ќе се третира и јапонското јаболко.
Божјата волја е таква, ќе има добар род, пласман, цени, па ќе следува студена зима и мрзнење. Но ние сме лозарски крај во кои сме навикнати да бидеме упорни и вредни земјоделци истакна на закројувањето градоначалникот Стојанче Лазов.
Компании соработници, пријатели, вработени,советници, денеска Св Трифун по свеченото закројување продолжија да го славата со веселба во просториите на Душан Ќириќ.
Mилица Младенова

Додади коментар