(ВИДЕО) Тиквешки роми: „Неосновано се укинува социјална помош“ - ЦСР демантира
02-05-2017 РЕГИОН

Петнаесетина корисници на социјална помош од Кавадарци добиле  барања за вонсудска спогодба за враќање на пари добиени на нивните трансакциски сметки по основ на социјална помош.

 

Ваквите барања според претседателот на здружението „Тиквешки роми“, Раим Сулејманов се испратени од кавадаречкиот центар за социјална работа, бидејќи лицата што ги добиле имале прилив на пари од странство од нивни роднини.

 

Сулејманов побара ваквите барања центарот да ги повлече бидејќи биле спротивни на законот.

 

Побаравме став и од директорката на Центарот за социјални работи, Вања Маневска. Таа ги отфрла обвинувањата дека било постапено спротивно на законските прописи и нагласи дека ЦСР секогаш постапува во согласност со законите.   (повеќе во видеото)

 

Ангел Данов

 

 



Share

Додади коментар