(ФОТО) Продолжува акцијата за чистење на кејот на реката Луда Мара
10-11-2017 РЕГИОН

 

Акцијата за чистење на градот како и на кејот и коритото на реката Луда Мара продолжува, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

 

 

 

„ Донацијата од ЈП Комуналец и ЈА-МИ сестра фирма на Кожувчанка продолжува. Како продолжување на оваа акција ЈА-МИ му отстапи на ЈП Комуналец уште еден скип на располагање во рок од 10 дена, за полесно и побрзо завршување на оваа акција. Како што кажавме, се расчистуваат дивите депонии, коритото и кејот на реката Луда Мара. Исто вака во оваа акција со своја донација се приклучи и фирмата Анелмак со багер. Со овој багер се расчистува  и се регулира коритото на реката од мостот кај  шумарското училиште се до Марена. Напоменуваме дека овие акции се донација од ЈП Комуналец, ЈА-МИ и Анелмак“ стои во известувањето од кабинетот на Јанчев.

 

 



Share

Додади коментар