10.000 садници оваа есен ќе се посадат на месноста „Журов дол“
16-12-2020 РЕГИОН
 
Согласно планот за пошумување 2018-2021 и оваа есен се започна со пошумување. Ова е трета есенска акција со која се опфатени долови односно ерозивни подрачја околу град Кавадарци - информираат од локалната самоуправа.
 
 
Оваа есен ќе бидат посадени 10.000 садници од Чемпрес на м.в. Журов Дол с.Ваташа кој се наоѓа на источната страна од градот, истиот се одликува со многу тежок и стрмен терен и подложен на ерозија. Целта на ова пошумување е да се озелени оваа површина и да се намали ерозијата на оваа површина. Оваа акција е во организација на Општина Кавадарци и ЈП Национални Шуми подружница Бор Кавадарци, оваа година во истата земаа учество Кожувчанка, ЈП Комуналец, Ероникел Индустри и Еколошкото друштво Еко Тисовец од с.Возарци.
Во текот на наредната недела градоначалникот Митко Јанчев ќе ги поседи локациите за пошумување.


Share

Додади коментар