102 години од Тиквешкото востание
19-06-2015 РЕГИОН

На споменикот на жртвите од Тиквешкото востание во паркот Полана во Кавадарци  денеска се одбележаа 102 години од  востанието на тиквешани против српскиот окупатор. Загинале многу тиквешани. Денеска свежо цвеќе положија и пред споменикот на жртвите се поклонија градоначалникот Александар Панов, претседателката на советот, Горица Пеливанова-Вилхел, советници, претставници на политички партии и делегација од сојузот на борци Кавадарци.

 

За востанието и теророт кој го преживувале тиквешани од српскиот окупатор говореше директорот на музеј галерија Кавадарци, Петре Камчевски.

 

„80 години се криеше тиквешкото востание се до 1993 година кога во организација на општина Кавдарци и музеј галерија беше организиран симпозиум на кој главна тема  беше Тиквешкото востание во 1913 година. Денеска по долга борба и докажување со факти овој настан е составен дел на македонската историја и македонската историографија. По завршувањето на Првата балканска војна –по некое нпишано правило тиквешијата е запоседната од српските воени-администрреативни сили кои ја заземаат десната страна на реката вардар, а од левата страна бугарската војска.

 

Присутните ги поздрави градоначалникот Панов, кој апелираше до политичките чинители да извлечат поука од историјата и секогаш пред 

личните и партиски интереси, да ги имаат интересите на државата.

“ Ние како современици треба да излечиме една голема поука од историјата дека на 

Македонија и на макеонците никој не им е пријател од соседите. Сите си го гледаат нивниот интерес, затоа и ние треба да си го гледаме нашиот интерес и многу е поразително кога сакаме да си го запазиме сопствениот интерес,  имаме крт одвнатре“ рече Панов.

Ангел Данов



Share

Додади коментар