,, Твоето дело и храброст никогаш нема да бидат заборавени и засекогаш ќе останат во нашите спомени ,, му порачаа неговите колеги и сограѓани на бранителот Косте Волкановски од Неготино кој трагично загина во воениот конфликт во 2001 година бранејќи го територијалниот интегритет на државата. По повод 12- годишнината од загинувањето, на спомен бистата во чест на Волкановски пред Полициската станица во Неготино денеска свежо цвеќе положија членови на неговото потесно семејство, градоначалникот и претставници на локалната самоуправа, членови на полицискиот синдикат и резервните воени старешини, претставници на АРМ и други заинтересирани граѓани.
Во рамките на одбележувањето на годишнината од загинувањето на Волкановски, изминативе денови беше организирана седмата редовна крводарителска акција, а се одржа и тертиот традиционалниот турнир во мал фудбал.
Коста Волкановски на денот на несреќата, околу 19 часот, на хотелската тераса заедно со петмина полицајци очекувале хеликоптер кога одеднаш слушнале силна експлозија.

Додади коментар