12 за смедеревката и 14 за вранецот бараат лозарите

Производителите на грозје од тиквешкиот регион не се задоволни со цените кои ги објавуват визбите за откуп на висококвалитетните сорти на гројзе. Тие сметаат дека и годинава визбите им понудија деградирачки цени. Прават споредба дека во 2006 година килограм шардоне им се откупувало по 22 денари за килограм.

Тие денеска излегоа со барање визбите да има плаќаат по 12 денари за килограм смедеревка и по 14 денари за вранец-кратошија.

“Сметаме дека тоа се цените кои со по некој денар субвенција од државата ќе ни го оправда работењето, а ќе ни ги покрие и трошоците. Секоја цена која би ја понудиле визбите за овие две најзастапени сорти би била надвор од здрава економска логика. Ќе работиме бадијала, а нема ни да ги покриеме трошоците за производство“ рече Љупчо Аризанов, претседател на Агротиквешија.

Тој информира дека денеска се одржала средба меѓу лозарите и винарите и министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Се разговарало за откупната цена на грозјето, но средбата завршила без конкретна одлука колку ќе откупат визбите и по колку ќе го плаќаат годинашниов род.

A.Д



Share

Додади коментар