12 талентирани осмооделенци на селективниот тренинг за кошаркарската паралелка
25-08-2014 РЕГИОН

Денеска во СС Јасмин во Кавадарци се одржа селективниот тренинг за идните спортски академци. 12 талентирани младинци од кои 2 се девојки официјално ќе ја започнат учебната година на 1 сепртември како прва генерација средношколци во кошаркарската паралелка која во рамки на Националната спортска академија ќе се изучува во СОЗШУ Ѓорче Петров.Можност да се пријават на денешниот селективен тренинг имаа сите ученици и талентирани млади кошаркари кои го завршиле основното образование, а од септември преминуваат во средношколци.

 

Од Националната спортска академија потенцираа дека можност за упис во кошаркатрската паралелка имаат и веќе запишани ученици во друго средно училиште на кои доколку успешно го поминат селективниот тренинг овозможено ќе им биде префрлување во кошаркарската паралелка.Оваа паралелка во Кавадарци во СОЗШУ Ѓорче Петров ќе работи според систем со кој веќе три години успешно се работи во Скопје .Покрај стандардните општи предмети, македонски јазик и литература, англиски јазик, математика, информатика и историја, особен фокус се дава на кошарката која се работи преку специјално изработена програма, спроведена од стручни лица во областа, применувајќи ги најмодерните методи на техники за школување и тренинг.На денешниот селективен тренинг во Јасмин кошаркарската способност кај младите ја препознаваа и оценуваа стручни лица претставници на Македонската кошаркарска федерација. Велат дека Кавадарци е спортски град и потврдуваат дека таленти има.

 

Бројката од 12 кошаркари со кој ќе почне паралелката во Кавадарци ја оправдуваат со можеби задоцнетата информација од страна на Министерството за образование и наука и агенцијата за млади и спорт, но велат дека очекуваат истата да порасне во септември. На тоа се надева и директорот на СОЗШУ Благој Димитров кој уште еднаш потенцира дека уписот останува отворен и сите заинтересирани млади идни средношколци кои сакаат стручно да ја изучуваат кошарката можат да направат упис секој ранотен ден во просториите на училиштето.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар