133 хектари државно земјиште за плодоуживање

Во тек е јавниот повик за давање на земјоделско земјиште што е во државна сопственост на плодоуживање  на одредена категорија социјално необезбедени лица . Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Македонија  го објави овој јавен повик согласно Програмата  објавена во Службен весник број 72 – 2015 која се однесува на давање на земјоделско земјиште во државна сопственост на плодоуживање на одредена категорија социјално необезбедени лица  во вкупна површина од 133 хектари 37 ари и 19 метри квадратни.

 

Оваа површина е распоредена на локации во повеќе општини во државата, па така на пример Општина Кавадарци  за оваа категорија грашани има на располагање  13 хектари 18 ари и 78 метри квадратни  на локации во катастарските општини: Крушевица, Росоман, Ваташа и Марена . Општина Свети Николе има на располагање 29 хектари земјоделско земјиште, Општина Велес најмногу 37 хектари а Општина неготино само 2 хектари кои се наошаат во Катастарската општина Курија.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар