140 милиони евра годинава подршка за аграрот

И оваа година земјоделците ќе добијат државна помош за земјоделско производство. Државата обебзеди 140 милиони евра за прогрмаата за директна финансиска подршка на земјоделското производство за 2015 година од кои 102 милиони евра за развој на земјоделското производство, а за  рурален развој околу 33 милиони евра.

Според податоците од Програмата за Финансиска поддршка на земјоделството 2015 година објавена во “Службен весник“, најголем дел од субвенциите или 50,6 милиони евра се наменети за растителното производство, 34,1 милиони евра се предвидени за субвенционирање на сточарството. Од дополнителната поддршка за развој на земјоделството, над 326.000 евра изнесуваат субвенциите за премии и осигурување, помошта за заштита на земјоделско земјиште годинава ќе изнесува 32.000 евра. Помошта за одделни категории носители на земјоделски стопанства 2,45 милиони евра, додека директната финансиска поддршка за помош во сточарскиот сектор 163.00 евра.

Вкупно 33.253.658 евра годинава се обезбедени за поддршката за руралниот развој.  За мерките од оваа категорија можат да конкурираат земјоделците, агробизнисмените, а за дел и јавните институции.

Нешто повеќе од 713 илјади евра годинава се предвидени за субвенции за земјоделските задруги. Средствата од мерката за Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини се доделуваат како неповратна финансиска поддршка за инвестиции во локалната патна инфраструктура за поврзување на две села или село со град, инвестиции во канализациони системи, инвестиции во објекти и опрема за за организирање на продажба жив добиток во рурални средини. За мерките од втората категорија од Програмата за рурален развој се предвидени субвенции во висина од 1.853.658. Парите се наманети за техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој, организирање и спроведување на манифестации и саеми, помош за маркетинг на земјоделските производи, изработка и публикување на едукативни, информативни и стручни материјали, инвестициони вложувања за воспоставување на научно-демонстративни примери, трошоци за изработка на геодетски елаборати и друго.



Share

Додади коментар