17 нови ковид позитивни во Тиквешијата - еден починат
04-01-2021 РЕГИОН
Во последното деноноќие, заклучно до синоќа, во тиквешкиот регион се дијагностицирани 17 нови позитивни на корона вирус на возраст од 23 до 86 години.
„Единаесет се во Кавадарци, пет во Неготино и еден случај во Демир Капија. Едно лице на 80 годишна возраст од Неготино е починато“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во Кавадарци од вкупно 2159, активни се 511 случаи, а во Неготино активни се 308.
„Во текот на вчерашниот ден во ковид центарот на нашата болница се сместени 27 пациенти, во стабилна општа состојба. Слободни се 33 болнички кревети“ информира директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.
А.Д

Додади коментар