2014 година лоша за земјоделците
30-12-2014 РЕГИОН

Земјоделците од Тиквешијата 2014 година ќе ја запаметат како исклучително тешка , по преполовените приноси кај виновата лоза , зголемената заштита заради  болести и по рекордните врнежи кои достигнаа и до 1200 литри на метар квадратен а сточарите  по болеста син јазик кај овците и говедата која предизвика големи загуби во овчарството.  Новиот студен бран  не ги остава мирни земјоделците и за време на новогодишните  и божиќните празници. Најавите за ниските температури уште ноќеска на -15 а наредните денови и до -20 степени ги зголемуваат стравувањата особено кај лозарите. Најкритична е состојбата кај лозовите насади кои настрадаа од град и кај оние каде лозовите прачки не се заштитени од пламеницата  вели Ристо Милев, директор на АД „Гоце Делчев- Тиквеш“ кои може да измрзнат и на -12 и -13 степени под нулата . 

 

На -15 степени може да страда и Вранецот како една од позастапените вински сорти  како и повеќето трпезни сорти  од кои најчуствителна на ниски температури е сортата Кардинал За виноцвата лоза секогаш температурата од -17 степени е критичната кога се очекува  да настапи измрзнување во кое страдаат во најголем процент сортите чии родни папки се поголеми. Спшоред  Милев на ниските температури поотпорни се  висококвалитетните сорти  Шардоне, Мерло. Каберне, Собиљон, потоа доаѓа Ризлинг  а како најотпорна се смета и понатаму сортата Молдавија.

 

                Намалените приходи од земјоиделството директно се одразија  врз инвестициите на земјоделците во обновување на механизацијата ,набавување на нова приклучна механизација и системи капка по капка.  Според изјавата на Лазе Стамаџиев   самостоен референт во Агенцијата за потикнување на развојот на земјоделството   од општините Росоман и Кавадарци само 33 земјоделци  преку ИПАРД програмата  аплицирале за набавка на  нови трактори, земјоделска механизација и тројца од нив за  инсталирање на систем за наводнување капка по капка. Стамаџиев најавува дека од втората половина на јануари треба да стартува  ИПАРД 1 за 2015 година  и ќе трае 45 работни дена   однодно до февруари за што подетални информации  земјоделците ќе  добијат дополнително.      

 

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар