22 нови случаи на Ковид 19 во Тиквешијата
02-11-2020 РЕГИОН

Бројот на позитивни на корона вирус продолжува да расте во Тиквешијата. Во последните 24 часа се дијагностицирани (до овој момент, 14.20 часот) 22 нови случаи. Од нив 10 се во Кавадарци, 11 во Неготино и 1 во Росоман.

 

„Во Кавадарци позитивните се на возраст од 26 до 65 години. Хоспитализиран е еден пациент со потешки симптоми, а меѓу позитивните има и еден здравствен работник. Во Неготино позитивните се на возраст од 16 до 61 година“ рече за КТВ епидемиолог д-р Ристе Јовановски и нагласи дека сеуште се чекаат резултати и можно е бројот да се золеми.

 

Се работи на откривање на контактите на сите нови позитивни случаи.

 

Матичните лекари алармираат дека покрај тоа што нема доволно термини за тестирање, голем дел од граѓаните со симптоми на вирусот одбивале да бидат тестирани, со цел да не оделе во изолација.

 

„Во текот на вчерашниот ден во општа болница Кавадарци, во ковид одделението се сместени 28 пациенти, сите се стабилни“ информира директорот на болницата д-р Диме Коцев.

 

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, до 31 октомври во Кавадарци дијагностицирани се вкупно 538 позитивни на ковид 19. Оздравени се 297, а активни се 235 случаи.

 

А.Д

 



Share

Додади коментар