23 години телевизија КТВ
04-07-2014 РЕГИОН

На денешен ден пред 23 години започна со работа локалната телевизија КТВ41. Со сигнал се покриваше општина Кавадарци со сите населени места, потоа од репетиторскиот пункт Љубаш програмата можеа да ја следат и гледачите од Росоман, Неготино, Градско и Демир Капија.

Благодарение на професионалното работење и објективноста од јули минатата година телевизија КТВ прерасна во регионален медиум кој располага со современа дигитална опрема. Во овој момент ги покрива општините Кавадарци, Неготино, Велес, Росоман, Градско, Свети Николе, Лозово, Чашка, Демир Капија.

Во информативната програма се покриени најважните случувања во овие општини. Телевизијата секогаш се води од начелото, граѓаните да бидат навреме информирани. Во овие 23 години тоа е пракса. Објективноста која е наша водилка,  направи КТВ да ужива висок рејтинг и доверба кај гледачите од Вардарскиот регион.

Покрај информативната програма големо внимание посветуваме и на едукативните емисии, пред се едукација за земјоделците, бидејќи главно занимање на населението од овој крај е земјоделството. Голем дел од просторот посветуваме на образованието, културата. Децата се исто така главна цел во нашата медиумска понуда. За нив подготвуваме детски образовни емисии. На нашата програма застапени се најразличи содржини наменети за целата публика.

Со исто темпо, со голем ентузијазам продолжуваме понатаму. Остануваме ваша телевизија и во наредниот период, како и досега објективни и на ваша страна.

  КТВ ќе продолжи  да ги следи технолошките достигнувања и ќе инвестира во техничкиот развој. Почитувани гледачи  благодариме за досегашната доверба.  Исто така благодарност и до нашите деловни партнери кои препознаа дека користејќи ги нашите маркетинг услуги многу поуспешно ја остваруваат својата цел.

 

ВАША КТВ



Share

Додади коментар