24 години од убиството на Сашко Гешовски
06-05-2015 РЕГИОН

Денеска се навршуваат  24 години откако во Сплит загина 19-годишниот кавадарчанец, војникот кој и служеше на тогашната ЈНА,  Сашко Гешовски, кој беше првата жртва што го означи распадот на Југославија, се' уште не се знае  вистинската причина за смртта. Под превезот „строго доверлива воена тајна“, ова убиство остана мистерија.

Денеска неговото вечно почивалиште го посетија претставници на неговото семејство, претставници на Сојузот на борци Кавадарци и припадници на АРМ од армискиот полигон Криволак. Беше положено цвеќе и оддадена почит на загинатиот.

 

Гешовски на отслужување на воениот рок заминал на 17 септември 1990 година во воената полиција во Сплит. Имал само уште четири месеци до крај, но на 6 мај 1991 година загина. Тоа утро бил на должност стражар во командата на Военопоморската област во Сплит. Таму протестираа над 30 илјади демонстранти, по што имаше безредија и престрелки. Еден од куршумите беше фатален за кавадарчанецот. До денес остана непознато од чии раце беше истрелан куршумот што го усмрти.

А.Д



Share

Додади коментар