25-та седница: Кавадаречкиот совет го усвои новиот генерален урбанистички план
30-05-2019 РЕГИОН

Едногласно советот на општина Кавадарци денеска во рамки на 25 та седница го усвои новиот генерален урбанистички план. Овој урбанистички документ е од големо значење за Кавадарци и населените места Ваташа и Глишиќ за плански период до 2026 година.

 

Советниците нагласија дека долго време се чекаше овој план за да продолжи развојот на Кавадарци. Истата констатација ја изнесе и градоначалнникот Митко Јанчев кој нагласи дека за година ипол се успеа да се усогласи и да се донесе новиот генерален урбанистистички план кој е исфилтриран и усвоен од МТВ.

 

„Ова е подлога во иднина да ги градиме ДУП. Тоа е многу побрза постапка“ нагласи Јанчев.

 

На денешната седница беше усвоен и нацрт планот за село Дреново, и измените и дополнувањата на програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кавадарци.

 

Едногласно беа усвоени одлуката за утврдување на тарифа за отстранување и чување на непрописно паркирано и хаварисани возила, одлука за определување на цена за паркирање на патнички возила на определни места во склоп нја депото на ЈП „Паркинг“.

 

За работењето на ЈП „Паркинг“ информираше директорот  Сашко Богев и нагласи дека за брзо време ќе започне целосната функција на пајак службата, кој привремено поради градежни работи и оневозможениот пристап до депото на паркинг, не се креваат непрописно паркирани возила.

 

Градоначалникот Митко Јанчев најави дека до 15 јули ќе се отпочне и со зонското паркирање во Кавадарци.

 

Едногласно се усвои извештајот за тромесечното работење на ЈП Јасмин, а советот едногласно усвои и неколку одлуки кои се однесуваат на работењето на ЈП Комуналец.

 

Советниците во своите дискусии го пофалија работењето на Комуналец. Констатираа зголемена хигиена во градот и населените места. Советникот Лазар Туриманџов побара да се спречи некои вработени во ова ЈП да делуваат и одработуваат за политички партии и да не носат партиски обележја додека се на работа.

 

Советот усвои и одлука за оглас за јавна набавка за модернизација на уличното осветлување.


А.Д



Share

Додади коментар