2700 земјоделци веќе аплицирале за субвенции

И до 140 земјоделски производители  во еден ден аплицираат за субвенции во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кавадарци. Раководителот Зоран Шалев вели дека тоа е максималниот капацитет на барања кои службите можат да ги примат во еден ден, а до сега околу 2.700 земјоделци  веќе поднеле апликации за субвенции за оваа година.  

Наша екипа денеска беше во посета на подрачната единица. Голем беше бројот на земјоделци кои чекаа да ги поднесат барањата за субвенции. Шалев вели дека речиси целосно се исплатени субвенциите по сите основи за минатата година, освен за неколкумина земјоделски производители поради одредени технички проблеми.

(повеќе во видео изданието на вестите, а целосното интервју со ракводителот на п.е на МЗШВ, Зоран Шалев ќе го следите во петок во рамките на емисијата “Агро спектар“.



Share

Додади коментар