Младите и неквалификувани работници се најсилно погодени од економската криза и во Европа и кај нас. Просечната стапка на невработеност кај младата популација изнесува околу 23,5 отсто, при што таа е најголема во Грција каде што достигна 58, а во Шпанија 55 отсто.
Според податоците на Агенцијата за вработување на Македонија, околу 30 проценти од вкупниот број невработени се млади лица.
Од Агенцијата денеска информираа дека кај нив се поднесени 194.000 обрасци М1, што покажува дека 40 отсто од младите на возраст до 29 години се невработени.
„Многу млади луѓе се многу крути во своето барање. Бараат место во својот образовен профил, иако за тоа немаат соодветно работно искуство кое би го покажале кај работодавците“, изјави директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски. Според него, младите треба да ги следат барањата и потребите на пазарот на трудот, бидејќи од регистрираните млади невработени лица 16 отсто се со високо образование, од кои најголем дел невработени од општествените науки.











Додади коментар