31 нов случај на корона вирус во Тиквешијата
13-01-2021 РЕГИОН

И понатаму Кавадарци е меѓу градовите во земјава каде дневно се дијагностицираат високи бројки на нови ковид позитивни. Од почетокот на годината, за само 13 дена има 172 нови случаи на вирусот. 

 

Статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци, која се однесува за изминатото деноноќие, заклучно до синоќа покажува дека во Тиквешијата има 31 нов случај на корона вирус.

 

„25 нови позитивни има во Кавадарци, во Росоман тројца и тројца во Неготино. Новите позитивни се на возраст од 13 до 70 години, а меѓу нив има и здравствен работник од Росоман“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Вкупно  2317 позитивни на вирусот се дијагностицирани во Кавадарци од почетокот на епидемијата, а во моментов  активни се 479 случаи. 

Во Неготино има вкупно дијагностицирани 1087, а активни 235 случаи.  

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти во Кавадарци и 12 во Неготино. 

 

Заклучно со вчера на ковид одделот во кавадаречката болница се лекуваат 23 пациенти, само вчера се примени тројца нови. Слободни се 37 болнички кревети.

 

И покрај тоа што Кавадарци е меѓу градовите каде се регистрираат поголем број на позитивни случаи, сепак дел од граѓаните и понатаму не ги почитуваат основните мерки за заштита од вирусот, а дел од кафетериите се преполни,  додека им трае работното време. Лекарите се децидни, додека продолжува неодговорното однесување, ќе расте и бројот на ковид позитивни.


А.Д



Share

Додади коментар