Вчера беше спроведена уште една успешна доброволна крводарителска акција во Кавадарци. Ја организираше Црвен крст -општинска организација Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина, а акцијата се спроведе во просториите на гимназија ,,Добри Даскалов`` од Кавадарци. Крв даруваа ученици и вработени во училиштето.
- На оваа акција доброволно даруваа 33 крводарители, односно собрани се 33 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во гимназијата се спроведуваат успешни крводарителски акции - велат од кавадаречката организација на Црвен Крст и упатуваат голема благодарност до учениците и нивните професори кои несебично ја прифатија оваа акција.
А.Д

Додади коментар