41 нов случај на Ковид 19 - По еден случај во Кавадарци и Неготино
23-04-2020 РЕГИОН

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови:
- Скопје -17
- Куманово -11
- Прилеп– 5
- Тетово – 3
- Кавадарци – 1
- Гостивар -1
- Крива Паланка -1
- Кичево -1
- Неготино -1.
Лицето евидентирано во денешната статистика од Кавадарци е истиот случај за докторот од ЦЈЗ за кој веќе информиравме, а регистрираниот случај во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Односно, последните информации говорат дека од Демир Капија се евидентирани две позитивни лица. Станува збор за двајца сопружници. Во денешната статистика е влезен само сопругот, а тестот кој бил позитивен од неговата сопруга е добиен во текот на денешниот ден.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.
Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.

Додади коментар