44 нови ковид позитивни во Тиквешијата, 21 оздравен
02-12-2020 РЕГИОН
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во земјава се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на ковид-19 во земјава.
 
 
Во Тиквешијата се дијагностицирани 44 нови позитивни на корона вирус во последните 24 часа.  Во Кавадарци има 24 случаи, а во Неготино 20 - стои во извештајот на министерството за здравство објавен вечерва. 
 
 
12 случаи во  Кавадарци-12 и 9 во  Неготино се евидентираат за оздравени.
 
 
Во земјава во последните 24 часа починале 33 пациенти, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани  од почетокот на епидемијата изнесува 63890, бројката на оздравени пациенти е 40977, на починати е 1825, а бројот на активни случаи изнесува 21088. 
 
 
Во Кавадарци во моментов има активни 503 случаи, а евидентирани се 1316 позитивни, во Неготино 
вкупно се евидентирани  628 позитивни, а  активни 327  лица.
 
 
А.Д


Share

Додади коментар