Во статистиката на центарот за јавно здравје Кавадарци денеска се евидентираат 47 нови позитивни на корона вирус во тиквешкиот регион на возраст од 23 до 82 годишна возраст.
„Кавадарци има 35 нови позитивни, еден во Росоман, 8 во Неготино и 3 во Демир Капија. Почината е жена на 78 годишна возраст од Кавадарци.“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во ковид центарот на кавадаречката болница слободни се 24 болнички кревети, а хоспитализирани се 36 пациенти во стабилна општа состојба.
Во Кавадарци активни се 540 случаи на корона вирус од вкупно евидентирани 1928.
Во Неготино од вкупно 935, активни 331 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Вчера ИЈЗ евидентира 53 оздравени во Кавадарци и 18 во Неготино.
А.Д

Додади коментар