5-та вонредна седница на кавадаречкиот совет: 16 милиони денари општината ќе издвои за реконструкција на улици
21-08-2018 РЕГИОН

 

Едногласно советот на општина Кавадарци денеска донесе одлука за финансиско учество во проектот за реконструкција на улици и булевари во Кавадарци. Општината ќе учествува со 16 милиони денари, а за реализација на проектот ќе биде земен и заем од 80 милиони денари.

 

Образложение на одлуката и оправданоста на итноста на вонредната седница  даде раководителот на секторот за локален економски развој, Тодор Ефремов кој нагласи дека со реконструкција ќе бидат опфатени околу 5 км улици.

 

„ Со оваа одлука се обезбедуваат финансиски средства за учество на Општина Кавадарци Локална Самоуправа во проектот ,, Реконструкција на коловоз на улици и булевари во населено место Кавадарци- ул.Цано Поп Ристов, Пано Мударов, Мито Хаџи Василев Јасмин, 7-ми Септември, Страшо Пинџур, Северен Булевар, Едвард Кардељ, Моша Пијаде и Цветан Димов”,кој што проект е предмет на долгорочно домашно задолжување на оппштина Кавадарци во рамките на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2 согласно одлука на од 24.04.2018 година. Проектот опфака реконструкција на осум улици и еден булевар во општина Кавадарци во должина од 4945 метри“ рече Ефремов.

 

Вкупната вредност на Проектот изнесува 80.012.728 денари кои ќе се обезбедат преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за Финансии, во рамки на средства обезбедени од вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а 16 милиони денари општината ќе издвои и од буџетот.


A.Д

           



Share

Додади коментар