60 авганистанци откриени на железничката во Велес
05-03-2015 РЕГИОН

Воз полн со мигранти пристигна утрово на станицата во Велес. На редовната патничка линија Гевгелија - Скопје се откриени странските државјани. Возот кој пристигнал рано утринава бил преполн. Освен редовните патници се превезувале и 60-тина авганистанци. Случајот бил пријавен во велешката полиција. Мигрантите биле симнати од возот а по неколку часа се префрлени во прифатниот центар за странци.

На крајот на од минатата година неколкумина бегалци од сирија и авганистан го загубија животот на македонските пруги. Сега мигрантите наместо пеш по пругата, низ земјава транзитираат со воз.

Групата мигранти откриена утринава е втора поголема за неполн месец. Неодамна беа пронајдени 30-тина странски државјани во патнички воз кој сообраќа од Гевгелија до скопје.

Инаку во септември лани, група од 130 бегалци од државите на блискиот беше откриена во товарен воз кој превезува јаглен.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар