630 деца од денеска ќе посетуваат градинка во Кавадарци
09-09-2020 РЕГИОН

Кавадаречката градинка „Рада Поцева“ денеска ги отвори вратите за згрижување на децата согласно подготвените протоколи за заштита. Директорката на градинката, Цанка Добринова информираше дека во нормални услови градинката ја посетуваат 1300 деца, а сега ќе бидат примени  630 кои ги исполнувале условите за неопходно згрижување.

 

Денеска, на првиот ден од повторното отворање на градинката, во просториите на установата пристигнале 400 дечиња, а во наредните денови се очекува да дојдат и останатите.  Директорката нагласи дека биле примени сите деца, чии родители пројавиле интерес.

 

Нашата установа ЈОУДГ “Рада Поцева” ќе работи по сите протоколи кои се дадени од страна на комисијата за заразни болести – соопштија од локалната самоуправа.

 

„Според протоколите, во група од 0-2 година максимално ќе има 6 деца, додека од 2 до поаѓање на училиште максимално 15 деца. Во нашата установа се згрижени сите деца чии родители доставиа уредно документи до поставениот рок.  При влез задолжително ќе се мери температура со безконтактен топломер и кај децата и на вработените. Во случај да се појават симптоми ќе се постапува во согласнос на алгоритамот изработен од комисијата за заразни болести.  Оваа година обезбедена е поголем број на постелнина за да може хигената да биде на повисоко ниво ,направено е молерисување,санација на оштетените подови и поставување на нов ламинат за полесно одржување. Обезбедена е заштитна опрема за сите вработени и направена е дезинфекција од страна на ЈЗО во сите осум објекти “ информираат од општината.


А.Д



Share

Додади коментар