Jaнчев: Ја очекувам поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат
02-07-2021 РЕГИОН

„Да. Ќе одам втор мандат. Мојата кандидатура ќе ја поднесам преку мојата матична партија ВМРО-ДПМНЕ,  од каде што ја очекувам поддршката. Очекувам за локалните избори да бидам како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“ рече градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во гостувањето на вестите на КТВ.

 

„ Со оглед на целокупните проекти кои ги сработивме ги  отпочнавме и ги реализиравме и со целокупната успешна работа што ја имплементиравме, мојата одлука уште во јануари-февруари беше дека ќе се кандидирам за втор мандат,  за да можеме да ги заокружиме сите проекти. Во новиот мандат имаме и многу други поголеми проекти,   кои  Кавадарци треба да ги добие, а се од капитално значење“ додаде Јанчев.

 

 

А.Д

 



Share

Додади коментар