Kовид 19: Нов рекорд во Кавадарци - 39 позитивни, меѓу нив здравствени работници, ученици, наставници
04-11-2020 РЕГИОН

Значителен пораст на активните ковид позитивни се бележи денеска во Кавадарци. Во последните 24 часа се дијагностицирани 39 нови позитивни случаи на корона вирус, потврдија од Ценатарот за јавно здравје.

 

„Позитивните се на возраст од 8 до 86 години. Меѓу нив има 2 здравствени работиници и ученик, второоделенец во кавадаречко основно училиште. Во изолација се 18 ученици и 2 наставници. Исто така меѓу позитивните има и наставничка од подрчачно училиште во Кавадарци, поради што во изолација се 7 ученици“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Во Неготино се дијагностицирани 11 нови случаи на возраст од 26 до 76 години, меѓу нив и еден здравствен работник,  а во Демир Капија еден случај на возраст од 60 години.

 

На ковид одделот во кавадаречката болница хоспитализирани се вкупно 33 пациенти со средно -тешка клиничка слика. Сите се во стабилна состојба. 

Од болницата исто така информираа дека 26 годишното момче од Кавадарци кое почина вчера  било донесено кај нив на 25-ти октомври, во лоша здравствена состојба, со ниска сатурација. Било стабилизирано и веднаш препратено на клиника во Скопје, поради сериозност на состојбата.

 

„Наредниот ден, во Ковид-19 одделението во нашата болница беше примен и неговиот помлад брат, на возраст од 21 година, исто така позитивен на вирусот. И кај него е дијагностицирано  крвно нарушување.  По 24 часа поминати кај нас  беше стабилен, но потоа  дојде до нагло влошување на состојбата. Бидејќи спаѓа во ризична група на пациенти, и тој беше веднаш префрлен на лекување во Скопје“ информира директорот на болницата, д-р Диме Коцев.

 

А.Д



Share

Додади коментар