Kовид 19: Пет нови случаи во Тиквешијата
20-10-2020 РЕГИОН
И денеска се дијагностицирани нови позитивни на корона вирусот во Тиквешијата. Според податоците од ЦЈЗ Кавадарци, до објавување на оваа вест, позитивни се 5 лица. Од нив 4 се од Кавадарци, еден е од Неготино.
„Станува збор за тројца мажи и една жена на возраст од 35 до 59 години. Сите имаат симптоми на вирусот. Само еден бил во контакт со позитивен, а останатите не знаат како се заразиле“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
А.Д

Додади коментар