Предновогодишното расположение е поттик да си поставиме нови цели и да си замислиме желби за Новата година.
Тоа што сите ние го посакуваме во Новата година е сите наши убавите соништа да станат реалност, a тоа што ние ви го посакуваме е секој изминат километар при вашето патување да е безбеден и исполнет со среќа и задоволство - порачуваат во новогодишната честитка од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот Кавадарци.
И во Новата година ќе бидеме посветени на едукација на младите со цел да создаваме правилни сообраќајни и културни навики кај младите за нивно правилно и безбедно учество во сообраќајот. Со тоа ќе допринесеме во новата година децата да ги искусат убавите нешта во животот и безбедно да чекорат секој ден во својот живот кој посакуваме да биде исполнет со среќни моменти, онакви какви што залужуват тие.
Ги потсетуваме оние кои ќе патуваат за новогодишните и божичните празници, на совесно и одговорно управувањето со своето возило Да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да стигнат на одредената дестинација здрави , живи и во добро расположение да ги прослават престојните празниците.
Наша желба е наредната 2022 година да биде година со најмал број сообраќајни несреќи и ниту еден загубен човечки живот во сообраќајна несреќа. Ќе работиме и наредната година , заедно со сите институции од општината задолжени за безбедност во сообраќајот во исполнување на оваа цел .
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот Кавадарци им ја честита Новата година на сите учесници во сообраќајот и им посакува безбедна и среќна 2022 година.

Додади коментар