Oсум пациенти хоспитализирани во ковид болницата во Кавадарци, само еден од нив е вакциниран
25-08-2021 РЕГИОН

Нови 26 позитивни на ковид 19 се евидентирани во Кавадарци во вчерашната статистика на Министерството за здравство. Секојдневно се бележи пораст на бројот на позитивни. Од почетокот на пандемијата, заклучно до вчера се  евидентирани вкупно  5330 позитивни случаи од кои во моментов активни се 132.

 

Според информациите од директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, д-р Диме Коцев во моментов во модуларната ковид болница се хоспитализирани осум пациенти и слободни се 27 болнички кревети. Од хоспитализираните  осум позитивни, само еден е вакциниран, останатите не се имунизирани. На кислородна поддршка се четворица пациенти. Во текот на вчерашниот ден во инфективната амбуланта биле извршени 67 прегледи.

 

Она што посебно загрижува е што бројот на позитивни е многу поголем од официјалната бројка, бидејќи многу од нив си купуваат брзи тестови од аптектите и тестирањето го вршат во домашни услови,  без да бидат евидентирани како позитивни, но и тоа што потврдени позитивни пациенти слободно се шетаат во маркетите, аптеките и низ градот.

 

Во Неготино вчера имаше шест нови случаи, а во моментов активно се 55, додека во Демир Капија активни се 3 случаи.

 

А.Д



Share

Додади коментар