Велешкиот оџа Несим Демири е осомничен за илегален транспорт на мигранти од Сирија. Завчера во неговото возило се откриени четворица сиријци на возраст од 18 до 30 години кои заедно патувале од гевгелија кон Скопје. Пронајдени се при редовна контрола кај Демир Капија.. Полицијата го сопрела возилото мерцедес вито кое го управувал оџата по што е утврдено дека лицата кои патуваат со него влегле илегално во земјата. По ова сите петмина се приведени.
Несим Демири од почетокот на месецов е повторно оџа во Фазли ахмет паша џамијата во Велес.. На функцијата се враќа по две годишна пауза.. Во 2012 без објаснување побегна во германија земајќи ги со себе и парите од донации на верниците.
37 годишниот Демири се образувал во Саудиска Арабија. Во градот е познат како припадник на радикалниот ислам. Се говори дека мошне успешно го шири радикализмот меѓу верниците.
Инаку велешкиот оџа денеска заработи кривична пријава.. Регионалниот центар југ го сомничи за криумчарење мигранти.. Судија во претходна постапка му одреди и осуммдневен притвор.
Зоран Јаневски

Додади коментар