Tри лица од Кавадарци и едно од Неготино позитивни на Ковид 19
21-07-2020 РЕГИОН
Продолжува да расте бројот на ново заболени од Ковид 19 во Тиквешијата. Денеска во Кавадарци се дијагностицирани три нови случаи, а во Неготино еден, потврдија од Центарот за јавно здравје.
„Во Кавадарци позитивни се момче на 19 годишна возраст кое е на домашно лекување, 52 годишна жена, исто на домашно лекување и маж на 53 годишна возраст кој е хоспитализиран на инфективно одделение во велешката болница. Во Неготино позитивна на вирусот е жена на 39 годишна возраст, која е на домашно лекување“ информира д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Се работи на утврдување на контактите кои ги имале ново дијагностицираните во Тиквешијата.
А.Д

Додади коментар