Tројца починати од Кавадарци и 19 нови позитивни во Тиквешијата
15-01-2021 РЕГИОН

Три лица од Кавадарци на возраст од 51, 77 и 90 години ја загубиле битката со корона вирусот во изминатото деноноќие, заклучно до синоќа, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци. 

 

„Дијагностицирани се 19 нови позитивни на корона вирус во Тиквешкиот регион на возраст од 20 до 78 години. Од нив 11 случаи се во Кавадарци, 2 во Росоман, 5 во Неготино и 1 во Демир Капија“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски. 

 

Во ковид центарот на кавадаречката болница се лекуваат 21 пациент во стабилна општа состојба.

 

465 случаи се активни во Кавадарци во моментов, а вкупно се дијагностицирани 2350. Во Неготино од 1095, активни  се 231 случаи.

 

Во текот на вчерашниот ден ИЈЗ регистрира оздравени 28 пациенти во Кавадарци и тројца во Неготино. 

А.Д



Share

Додади коментар