Апел: Сите институции и правни субјекти да ја проверат исправноста на хидрантите за гаснење пожар!
04-01-2021 РЕГИОН

Најмалку еднаш во годината, сите правни субјекти и институции согласно законот за заштита и спасување се должни да направат проверка на исправноста на инсталациите за заштита од пожари, како и на противпожарната опрема и апарати.

 

Од кавадаречката противпожарна единица, локалната самоуправа и Дирекцијата за заштита и спасување,  денеска упатија апел, согласно законот за заштита и спасување и правилникот за технички нормативи за хидрантска мрежа за гаснење на пожар, сите правни субјекти, институции, болници, училишта,  да ја проверат опремата и нејзината исправност, со цел опремата секогаш да биде во состојба да може да се користи во случај на пожар.



Share

Додади коментар