Поради новонастанатата ситуација со вирусот Covid 19 и зголемените отсуства на здравствени работници, (најчество отсуства заради бременост), сакаме да Ве известиме дека почнувајќи од денес 17.03.2020 година сите аптеки на територија на Општина Кавадарци ќе работат со унифицирано работно време:
Од понеделник до сабота од 08:00 до 20:00 часот, а аптеките кои работат и во недела тоа ќе го прават од 08:00 до 16:00 часот.
Во таа насока Ве известуваме дека приправноста на аптеките за потребите на Службата на Итната медицинска помош и Ургентниот центар ке започнуваат од 20 часот навечер до 08 часот наутро за деновите од понеделник до сабота, а во недела од 16 часот попладне до 08 часот наутро.
Исто така ги замолуваме граѓаните да бидат совесни и без потреба да не доаѓаат во аптека. Ако е тоа неопходно нека го направи помладо лице во нивно име.
При влез во аптека да ги дезинфицирате своите раце. Да се влегува еден по еден во аптека, а останатите стрпливо да чекаат надвор.
Да се одржува растојание од 1 метар од фармацевтите - се вели во соопштението од фармацевтите во Кавадарци.

Додади коментар