Асфалтиран дел од крак на улицата „Дисанска“
22-09-2016 РЕГИОН
Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ од Кавадарци денеска изврши асвалтирање на дел од крак на улицата „Дисанска“ до спојот со улицата „Глигор Прличев“.
Oд службата за односи со јавноста при локалната самоуправа информираа дека станува збор за делница во должина од педесеттина метри, односно површина од 250м2.
Со овој зафат се намали неасвалтираниот дел на кракот од оваа улица кој од Градскиот стадион минува покрај старото стрелиште по угорницата. На овааулица останува неасвалтиран дел поради имотен спор со физичко лице, кој ќе остане за асвалтирање во некоја наредна фаза – се вели во известувањето од општината.

Додади коментар