Членовите на Здружението на лица со церебрална парализаа бесплатно летуваа во Охрид . Нивната седумдневна рехабилитација ја финансираше локалната самоуправа. Дел од парите беа обезбедени и преку хуманитарен концерт. Вкупно 30-мина беа на летување покрај Охридското Езеро.
Претседателката на здружението, Далиборка Златева очекува дека и во иднина општинските власти ќе продолжат со поддршката за оваа категорија на граѓани..
Инаку еднонеделниот престој покрај Охридското Езеро, значително го подобрува здравјето на лицата со церебрална, сметаат во здружението. Освен рехабилитација, овие лица остваруваат и контакти со други луѓе, вели Златева.
Инаку здружението на лица со церебрална парализа веќе неколку години организира летување во Црна Гора. Освен своите членови на летување заминуваат и лица со попречености од други невладини организации во државата.
Летувањето во Добре Воде во Црна Гора се организира осма година по ред.
Зоран Јаневски

Додади коментар