Благ пораст на бројот на болни од груп во Кавадарци
08-01-2015 РЕГИОН

И за изминатиот продолжен празничен викенд не се евидентирани зголем број на повици во итната медициска помош во Кавадарци. Бројот на прегледите бил вообичаен како за секој викенд  и за секојдневното работење на итната медицинска служба, рече директорот на Здравствен дом Кавадарци, д-р Никола Трендафилов.

За време на овие празнични денови се бележи благо покачување на бројот на заболени од грип. Според податоците од Центарот за јавно здравје Кавадарци, од почетокот на оваа сезона заклучно со поселдната недела евидентирани се 40 лица болни од грип.

„За споредба, лани до овој период имавме вкупно 52 болни од грип, што значи годинава бројот е нешто помал. Лани сеозната на грип заврши со вкупно 3280 болни“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог при Центарот за јавно здравје Кавадарци.

А.Д



Share

Додади коментар