Близу 17 милиони денари лани „Кожувчанка“ донирала за општина Кавадарци
24-01-2022 РЕГИОН

Донации и спонзорства во висина од 16.867.245 денари се исплатени од компанијата „Кожувчанка“  за општина Кавадарци во изминатата година. На официјалниата  фејсбук страна на градоначалникот Митко Јанчев се наведени сите договори за реализираните спонзорства и донации.

 

Од објавеното може да се согледа дека за потребите на ЈЗУ Општа болница Кавадарци модуларна болница, за инсталација на медицински гасови, „Кожувчанка“ има донирано 1.048.290 денари. Потоа има донација за 1008 столбови за тротоар во вредност од 352.800 денари. Во повеќе наврати компанијата донирала на спортските клубови во општината, но и за реновирање на спортски објекти. Се бележат донации во сокови и негазирана вода  кои ги произведува „Кожувчанка“ во вредност од неколку милиони денари, а се донирани на повеќе субјекти, меѓу кои Министерство за здравство, клиника за урологија, банка за храна.

 

Во листата што ја објави Јанчев се гледаат и спонзорства за спортисти, федерација на училишен спорт, училишта, поддршка на разни кампањи на невладини организации и изградба на новиот парк кај споменикот на Киро Крстев.

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар