По мирниот дочек на новата година и божиќните прзници во Кавадарци минуваат во мирна атмосфера, без проблеми и нарушување на јавниот ред и мир, потврдува за ктв кавадаречката Полиција. Од таму велат дека на терен е мирна ситуацијата, а нема реакции од граѓаните ниту на дежурниот телефонски број. 2015 во Кавадарци дефинитивно започна мирно.Ваков почеток немало одамна па се надеваме дека ова ќе биде предзнак за една мирна и безбедна година вели нашиот полициски извор. По најлудата ноќ следниот бран беа коледарските огнови.Тој ден во Кавадарци иако на многу места низ градот имаше народен собир и славење до раните утринску часови, ситуацијата беше безбедна и без поплаки од граѓаните.
Полицијата не забележа нарушување на јавниот ред и мир, а интервенираше само во еден случај утредента по коледе во физички напад предизвикан од алкохолизирано лице и кај еден возач, непрописно паркиран на улицата Цано Поп Ристов кој не ги почитувал предупредувањата на полицискиот службеник, па по утврдувањето дека е под дејство на алкохол бил приведен во станицата и задржан до отрезнување дознаваме од нашиот извор. И понатаму тековно кавадаречката Полиција работи на редовните активности. Легитимирање, преглед при превоз, проверка на идентитетот, следење на состојбата кај јавната безбедност и сообраќајот. Мирна е ситуацијата, а нашата задача е безбедноста да остане на високо ниво и понатаму велат од кавадаречката Полиција.
М.Младенова

Додади коментар