Запуштена, обрасната со трева, наригана со песок е браната Моклиште. Овој рекреативен центар за кавадарчани и ваташани веќе долго време е во ваква катастрофална состојба.
Надлежност над овој објект има Водостопанство на Македонија, подружница „Тиквешко поле“ но засега не се превземаат активности за расчистување.
Кавдарачни се загрижени за состојбата во која се наоѓа браната и апелираат до водостопанското претпријатие кое има надлежност над објектот во што пократок период да ја санираат лошата состојба.
„Браната од секогаш важи за место каде се оди на излет, порано таму се капевме. Водата секогаш беше чиста и објектот редовно се одржуваше. Во летните горештини често одевме таму на разладување. Сега ова прекрасно место е место каде можат да се размножуваат само комарци“ коментираат кавадарчани.
А.Д

Додади коментар