Вандали ги оштетиле канделабрите што го осветлуваат кејот
05-12-2013 РЕГИОН

Почитувани граѓани општината Кавадарци уште еднаш информира за нецивилизирано и вандалско однесување на поединци кои безразборно посегнуваат по заедничкиот имот. Многупати досега општината преку медиумите јавно информира, притоа испраќајќи апел до граѓаните, култивирано и цивилизирано да се однесуваат кон имотот на граѓаните за кој е задолжена општината.

Но, во Кавадарци, за жал, сеуште постојат поединци чија свест е многу далеку од нормално и цивилизирано однесување.

Општина Кавадарци информира дека и во овој случај, како многупати досега, на удар на недоветните е комуналната опрема и јавното улично осветлување.

Деновиве кога ангажираните изведувачи во пресрет на новогодишните празници интензивно ја проверуваат нисконапонската градската улична мрежа за јавно осветлување, збележана е појава на уништување на канделабрите.

Најдрастичен е примерот  со осветлувањето на новиот кеј. Вистинска среќа е што досега се нема случено некој немил настан како последица на струен удар. Сознанијата на опѓштината се дека уништувањето и дивеењето врз канделабрите се случува во доцните вечерни часови кога сите столбови се под електичен напон.  Само покрај кејот најмногу во крајниот дел се уништени над триесет светилки. Од сите насилно се отстранети заштитните капаци  каде се наѓаат осигурувачите и приклучоците на светилките на електричната мрежа. На добар дел од нив се  искршени, или отстранети комплетните приклучоци, а се оставени жиците кои се под електричен напон. На несватлив начин неонските светилки се откорнати од лежиштата, иако при редовна интервенција на замена, за такво нешто е потребно специјално возило со корпа. Дел од светилките се извртени, а најопасно е на пешачкиот мост кој води кон ООУ „Гоце Делчев“.

Овој мост најмногу го користат учениците што  живеет од десната страна на реката, а веднаш до него од канделабрата се извелечени жици кои се постојано под напон, а на левата страна  веднаш до скалите кои се спуштаат од улицата до шеталиштето, нисконапонските кабли се откорнати од заштитните цефки и буквално висат над главите на минувачите.

Општината денеска со овластени електричари  времено ја санираше состојбата пред се пркинувањето на протокот на струја, со цел да се избегнат несакани последици.

Најдрастичен сепак е примерот пред социјалната зграда, каде општината постави канделабри со штедливи ЛЕД всетилки. Од вкупно пет четири светилки се украдени, стои само една, а на сите им се искршени заштитните капаци и приклучните елеменит. Последиците од незаштитените и уништени светилки низ кои протекува електична струја, сепак, при некаков немил настан ќе ги сносат оние кои живеат во околината или пак случајните минувачи. 

Оптината и овојпат може само да апелира до граѓаните да не го уништиваат имотот кој практично е во нивна сопственост, а служи како заедничко јавно добро. Воедно се нформира јавноста дека за сите наведени случаи се поднесени соодветни пријави приотив непознат сторител до полицијата, се вели во известувањето од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.



Share

Додади коментар