Вандализам во дворот на црквата Света Петка во Кавадарци (ФОТО)
20-08-2018 РЕГИОН
Изминативе денови црквата света Петка која се наоѓа во новиот центар на Кавадарци била мета на вандали или луѓе кои немаат никакво домашно воспитување.
Имено испишани се графити на ѕидовите на црквата кои се изѕидани со камења. Искрешени се клупи од дворот на црквата, а многу од нив се и ишкртачи.
Прашањето што секој човек со здрав разум си го поставува е кому му пречи оваа убавица? Колку треба да си нечовек за да направиш вакво гнасно дело. Дали овие млади кои го направиле ова имаат родители?
Коментар повеќе не е потребен, а на вандалите нека им служи на чест!

Додади коментар