Василица се славеше во кавадаречките села
14-01-2016 РЕГИОН

Со џаламарско оро џаламарите  од повеќе кавадаречки села денеска ги бркаа лошите духови.  Василичарските огнови од синоќа беа распламтени во Бегниште, Ресава, Дреново и село Сопот.  Таму  традиционално на празникот Василица се дава најголемо внимание.

 

Во селото Дреново жителите беа покрај огнот, а џаламарите ги посетуваа куќите на своите соселани. Невестата беше дарувана со пари, останатите од џаламарската дружина добиваа и други подароци, храна и пијалоци. Се верува дека вревата која ја прават со клопотарци ги брка лошите духови од селото.

Во посета на Дреново денеска беше и градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. И тој ја даруваше невестата и на сите граѓани им ја честита Православна нова година.

 

Жителите на село Дреново раскажуваат дека џаламарската традиција во селото е присутна од дамнина. И најстарите жители паметат за овие обичаи, а помладите раскажуваат за василичарската традиција во селото.

 Ангел Данов



Share

Додади коментар