Од нива до трпеза сите да направиме безбедна храна - под ова мото годинава се одбележува светскиот ден на здравјето седми април. Според податоците на светската здравствена организација, огромен е бројот на цревни заболувања предизвикани од небезбедна храна.. Според хирургот петре кодовски, македонија се вбројува во државите кои имаат безбедна храна.. Смета дека и лекарите треба да бидат една од алките во синџирот кој треба да обезбедени заштита од небезбедна храна.
Денеска на светскиот ден на здравјето, велешката болница ги сумираше резултатите од работата во претходната година.. Здравствената установа е меѓу петте најдобри во државата, вели директорот Атанас Василев.. Тој смета дека ова се должи на љубезноста на медицинскиот персонал и новата здравствена опрема.
И пациентите се задоволни од услугите кои ги добиваат во болницата.. Велат дека докторите го почитуваат терминот за преглед а новата опрема го забрзува процесот на лекување..
Од велешката болница велат дека постепено се зголемува и бројот на лекари и друг медицински персонал.. Според директорот василев, недостигот се уште е присутен поради долгиот неопходниот период за специјализација на докторите..
Од велешката болница велат дека и во следниот период ќе продолжи набавката на медицинска опрема.. Така се очекува да пристигне нов дигитален мамограф како и опрема за оперирање на катаркта.
Зоран Јаневски

Додади коментар