Директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, Горан Велковски во изјава за КТВ ги отфрла сите обвинувања кои деновиве се вртат во јавноста, во врска со два проекти кои се одобрени од Агенцијата за европски образовни програми. Тој тврди дека единствена цел на добиените проекти е да се едуцираат учениците и професорите и дека не станува збор за никаква манипулација со пари, бидејќи проектите биле само одобрени, а не и реализирани.
„Со концепцијата на ЕУ преку проеграмата Еразмус+ се овозможува на стручните училишта да спроведуваат мобилност - теоретска и практична обука на ученици и наставници за стекнување на нови европски знаења и вештини во партнерски организации претходно одобрени од ЕУ преку истата програма“ вели Велковски.
А.Д

Додади коментар